„МАДАМ БАТЕРФЛАЈ“ НА 23 МАЈ НА СЦЕНАТА НА НОБ Музичка драма за љубовта, предавството и за надежт

Во насловната улога (Чо Чо Сан – Мадам Батерфлај) ќе настапи гостинката од Србија, Mарија Јелиќ, во улогата на Пинкертон ќе настапи, Ѓорѓи Цуцковски, во улогата на Шарплес, Луис Кансино од Шпанија.

38

Во рамките на 53. издание на фестивалот Мајски оперски вечери на 23 мај со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе едно од ремек-делата на светската оперска уметност – „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини.

Диригент на претставата е гостинот од Италија, Марко Боеми, режијата ја потпишува Александар Текелиев од Бугарија. Сценографијата е дело на Живојин Трајановиќ, а костимографијата ја изработи Лира Грабул. Концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ.






Во насловната улога (Чо Чо Сан – Мадам Батерфлај) ќе настапи гостинката од Србија, Mарија Јелиќ, во улогата на Пинкертон ќе настапи, Ѓорѓи Цуцковски, во улогата на Шарплес, Луис Кансино од Шпанија, во останатите улоги ќе настапат: Марика Поповиќ, Дејан Стоев, Невен Силјановски, Јане Дунимаглоски, Соња Пендовска Мадевска, Валентина Димитриевска, Олег Цуцковски, Никола Стојчески, Марко Гапо, Дарко Станојловски, Борко Биџовски, Филип Мирчевски, Никола Чедомировски, Шинаси Рамдан, Марко Димовски заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Операта „Мадам Батерфлај“ е музичка драма за љубовта, предавството и надежта, раскажана преку извонредната музика на Џакомо Пучини. Во ова дело, Пучини маестрално ги спојува елементите на западната и источната култура, создавајќи драматични музички моменти што допираат до секој слушател. „Ако не сум трогнат, ако либретото не ми го допре срцето… тогаш тоа не е за мене.“,  Пучини точно знаел што бара во едно оперско либрето, а фактот што приказната за деликатната јапонска „пеперутка“ длабоко го трогнала се огледува во секоја нота од партитурата на неговата славна опера.

Поврзани содржини