ПАРТНЕРСТВОТО СО БРИТАНИЈА ИМА И ГЕОПОЛИТИЧКО ЗНАЧЕЊЕ Први на Балканот склучуваме ваков договор

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ склучува стратешки договор со Обединетото Кралство, кое што е трета економија во Европа, шеста економија во светот, нуклеарна сила, постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите Нации, вели пратеникот Миле Лефков.

218

Стратешкиот договор со Обединетото Кралство има огромно значење за Македонија, вели пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

– Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ склучува стратешки договор со Обединетото Кралство, кое што е трета економија во Европа, шеста економија во светот, нуклеарна сила, постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите Нации. Тоа е еден стратешки договор којшто има огромно значење. Има геополитичко значење, затоа што први во регионот, на Балканот, склучуваме ваков договор. И не склучуваме со кој било, туку со една традиционална, стабилна демократија. Си има свое економско значење и има свое реформско значење – рече пратеникот во гостување на ТВ24.






Лефков истакна дека британскиот капитал доаѓа на проверени, високо профилирани и добро обработени проекти.

– Затоа што кога станува збор за британски капитал, сите знаат дека британскиот капитал доаѓа на проверени проекти, високо профилирани и добро обработени проекти. Може да стане збор за институционален развој, ако имате интерес да користите британски средства – посочи Лефков.

Лефков објасни дека стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе овозможи модернизација на железничката инфраструктура и изградба на нови болници.

– Кога станува збор за инвестиција од 6 милијарди евра, тоа е инвестициски циклус. Она што е сигурно и она што го најави премиерот, тоа значи нови болници, тоа значи завршување на Клиничката болница во Штип, завршување на Клиничката болница во Тетово. Дволиниска железничка сообраќајница на потегот север-југ. Што значи дволиниска? Дека една линија ќе биде за патнички возови што ќе се движат со брзина до 160 километри на час, другата ќе биде за товарен железнички сообраќај со брзина до 120 километарна час и тие треба да донесат бенефити – рече Лефков.

Поврзани содржини