🎥 НИКОГАШ НЕ БИЛА ПОСКАНДАЛОЗНА! Бјанка Ценсори прошета среде бел ден во Шпанија во мрежаст градник и шорцеви

Сопругата на контроверзниот рапер и дизајнер Канје Вест, Австралијанката Бјанка Ценсори, редовно излегува во јавност полугола. Ова беше случај и во Шпанија, каде што таа се шеташе низ пазарот во целосно проѕирен градник и откри сè.

368

Сопругата на контроверзниот рапер и дизајнер Канје Вест, Австралијанката Бјанка Ценсори, редовно излегува во јавност полугола. Ова беше случај и во Шпанија, каде што таа се шеташе низ пазарот во целосно проѕирен градник и откри сè.

Контроверзната брачна двојка Бјанка Ценсори и Канје Вест беа снимени во Шпанија, поточно на Мајорка, а во оваа прилика сопругата на раперот беше, се чини, поскандалозна и понепристојна од кога било.






Иако сме навикнати на нејзините „храбри“ изданија кои покажуваат дури и премногу, среде бел ден во малото гратче таа покажа дека секогаш може повторно да шокира.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simon Says Drip (@simonsaysdriphq)


Бјанка носела мрежест градник кој целосно ги откривал нејзините гради, во комбинација со шорцеви со мошне необичен крој, кои едвај ѝ го покривал задникот.

Бјанка сега има темна коса, па многу луѓе не ја препознаваат на прв поглед, а неодамна поради оваа драстична промена, некои ја обвинија дека ја копира поранешната сопруга на Канје, Ким Кардашијан.

Освен темната коса и фризурата со шишки, таа носела и темни очила за сонце, а очигледно била многу расположена и не се осврнувала на љубопитните погледи на минувачите.

Канје, пак, овој пат бил „пристојно“ облечен, во лежерна верзија, а по гласините за разводот на контроверзниот пар, се чини дека, сепак, сè е во најдобар ред и дека се забавуваат подобро од кога било.

 

Поврзани содржини