ПАРТНЕРСТВОТО СО ШВАЈЦАРИЈА ПРОДОЛЖУВА Поддршка за демократија, екологија и економија

Премиерот упати благодарност до Швајцарската Конфедерација за досегашната и идната поддршка на Македонија во клучни сектори за развојот на државата.

290

Почна новата Швајцарска програма за соработка со Македонија за периодот 2025–2028, со што се зацврстува долгогодишното партнерство меѓу двете држави. Програмата, која е вредна 56,1 милиони швајцарски франци, предвидува поддршка во три клучни области – демократија, заштита на животната средина и одржлив економски развој.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека оваа програма е продолжение на едно плодотворно и успешно партнерство, засновано на заемна доверба и визија за заедничка иднина.






„Оваа програма претставува продолжение на нашето успешно и плодотворно партнерство, засновано на заемна доверба, вредности и визија за иднината“, изјави премиерот.

Тој упати благодарност до Швајцарската Конфедерација за досегашната и идната поддршка на Македонија во клучни сектори за развојот на државата.

„Во име на Владата и граѓаните, изразувам длабока благодарност до Швајцарската Конфедерација за досегашната, но и за идната поддршка. Заедно градиме стабилна, зелена и праведна иднина за нашите граѓани“, објави Мицкоски.

Преку оваа нова програма, Швајцарија повторно ја потврдува својата посветеност за поддршка на развојниот пат на Македонија и зајакнување на демократските процеси, заштитата на животната средина и поттикнување на инклузивен економски раст.

Поврзани содржини