КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПОРАДИ ВОНБРАЧЕН ЖИВОТ СО ДЕТЕ Таткото на малолетничката ја одобрил врската со 20-годишното момче

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, првопријавениот е М.А. (20) од селото Дорфулија, општина Лозово, кој во периодот од јануари до април годинава, во својата семејна куќа, живеел во вонбрачна заедница со малолетничка.

1,593

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против две лица од источниот регион поради сомнение дека сториле кривично дело „вонбрачен живот со дете“, казниво по Кривичниот законик.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, првопријавениот е М.А. (20) од селото Дорфулија, општина Лозово, кој во периодот од јануари до април годинава, во својата семејна куќа, живеел во вонбрачна заедница со малолетничка.






Дополнително, поднесена е пријава и против П.Б. (36) од село Банско, струмичко – татко на малолетното девојче.

Според наводите од полицијата, тој не само што не презел ништо да ја спречи врската на неговата ќерка со значително постар маж, туку и ја одобрил и прифатил таа заедница.

Поврзани содржини