ОБЈАВЕНО Е ВО КОЛКУ ЧАСОТ ЌЕ ЗБОРУВААТ ТРАМП И ПУТИН Американскиот претседател е спремен за продуктивен понеделник

Темата на повикот (со претседателот на Русија) ќе биде завршување на крвопролевањето“, рече претседателот на САД, Доналд Трамп.

132

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека телефонскиот разговор помеѓу рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп, е закажан во 17 часот по московско време (16 часот по средноевропско време).

– Во 17 часот (по московско време) ќе биде телефонскиот разговор со Трамп – посочи Дмитриј Песков.






Трамп пред 2 дена најави дека денеска ќе разговара со Путин за ставање крај на војната во Украина.

„Темата на повикот ќе биде завршување на крвопролевањето“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), еден ден по директните руско-украински мировни преговори во Истанбул.

Трамп изрази надеж дека понеделник ќе биде продуктивен ден, дека „ќе има прекин на огнот и оти ќе заврши многу насилната војна – војна која никогаш не требаше да се случи“.

Поврзани содржини