ВОЗЕЛ СО 111 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС НА БУЛЕВАР ВО ТЕТОВО Приведен е жител на Голема Речица

105

Во неделата наутро, околу 10 часот, полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле 56-годишниот Х.А. од с.Голема Речица, Тетовско, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На булевар Видое Смилевски Бато во Тетово тој управувал патничко возило ‘бмв’ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 111 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 50 километри на час во населено место. По целосно документирање на случајот  против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – безобѕирно управување со моторно возило“, наведено е во полициското соопштение.

Поврзани содржини