ПОДГОТОВКИ ЗА СВЕТ БЕЗ ЧАД ОД ЦИГАРИ Помалку штетните алтернативи ги менуваат навиките
Според истражувањето, намалувањето на бројот на пушачи на помалку од 5% до 2050 година би можело да го зголеми животниот век за дури една година кај мажите и за 0,2 години за жените во светот. Ваквите бројки доведуваат до дополнителни 735 милиони години за мажите и 141 милион години за жените.
Потрошувачите ширум светот започнаа да ги менуваат навиките. Сѐ почести се примерите на земји во кои е сфатена сериозноста од користењето на традиционалните производи од тутун – пред сѐ цигарите. Едно од последните истражувања на оваа тема на реномираниот магазин од областа на медицината, „Лансет“ покажа дека иднината „без чад“ би можела да го зголеми животниот век на светско ниво и може да спречи милиони случаи на предвремена смрт до 2050 година.
Според истражувањето, намалувањето на бројот на пушачи на помалку од 5% до 2050 година би можело да го зголеми животниот век за дури една година кај мажите и за 0,2 години за жените во светот. Ваквите бројки доведуваат до дополнителни 735 милиони години за мажите и 141 милион години за жените.
За да се постигнат ваквите цели, земјите како Шведска, Обединетото Кралство и Нов Зеланд презедоа сериозни чекори, овозможувајќи им на корисниците полесен пристап до помалку штетните алтернативи за здравјето, како што се вејповите, загреаните тутунски производи и никотинските ќесички. Ваквиот пристап веќе помага да се намали бројот на пушачи. Па така, Нов Зеланд, каде во 1983-тата година секој трет полнолетен жител бил пушач, успеа да направи сензационален пресврт. Откако здравствените власти во земјата ги согледаа фактите за помала штетност по здравјето на алтернативните никотински производи дадоа силно одобрение за нивно користење, како обид за замена за традиционалните цигари.
Дури, властите ги преполовија неопходните акцизи за вејповите, електронските цигари, никотинските ќесички и останатите продукти. Во 2018 година Нов Зеланд бележи стапка на пушачи од 12,2%, но со користењето на новата стратегија за намалување на штетните последици од тутунот, овој процент падна на 6,8% – што е речиси 50% помалку пушачи за само неколку години. Соодветно, расте бројот на потрошувачи на помалку штетни производи што содржат никотин, како што се загреаните тутунски производи, никотинските ќесички и вејповите.
Ваквите трендови кои овозможуваат на долг рок да се подобрат показателите за јавното здравје на светско ниво, предизвикуваат задоволство и кај дел од лидерите во индустријата што се приклучија кон остварувањето на целите за создавање на „иднина без чад“.
Таков пример е компанијата „Бритиш Американ Тобако“, чиј главен корпоративен директор Кингсли Витон неодамна ги сподели податоци за користењето на алтернативните никотински производи.
– Со гордост можам да кажам дека испорачуваме во однос на нашите амбиции за трансформација, бидејќи успешно придобивме 3,6 милиони потрошувачи на нашите производи без чад, во 2024 година. Сега ширум светот имаме 29,1 милиони полнолетни потрошувачи на нашите производи без чад, што претставува раст од 14% во однос на 2023 година и ја покажува нашата посветеност за создавање на свет без чад – вели директорот Витон.
Според него, инвестициите на Бритиш Американ Тобако и фокусот кој е посветен на премин на пушачите кон користење на алтернативни никотински производи го трансформираат нивниот бизнис.
– Во Европа, повеќе од една четвртина од нашиот бизнис се должи на алтернативните производи без чад. Во Полска овој процент е дури 58, а во Италија и Чешка е речиси половина. Оние кои се сомневаат во нашите амбиции за трансформација не треба да гледаат подалеку од Шведска, каде производите како што се современите никотински ќесички сочинуваат 68% од нашиот бизнис – додава Витон.
Широкото портфолио на алтернативни никотински производи на компанијата е достапно и на пазарот кај нас. Дел од нив е и glo уредот, кој е алтернатива на пушењето што ослободува помалку и пониски нивоа на токсини за разлика од конвенционалните цигари. Glo содржи иновативна технологија за загревање која овозможува уживање при користењето на никотин, без штетниот чад од цигарите.
При користењето на класична цигара, тутунот се согорува на температури и над 900ºC, при што се ослободува сложена мешавина од гасови, честички и соединенија, оставајќи пепел. Но, спротивно на тоа, уредите како glo, кои содржат аеросол, го загреваат тутунот на многу пониски температури (200-300ºC) и нема согорување, зашто аеросолта се состои главно од вода, глицерол, ароми и никотин. Исто така, мирисот е значително намален, а нема ниту пепел. Споредувајќи го чадот од цигарите со glo аеросолта, истражувањата покажуваат дека нивоата на токсини се намалени во просек за 90 95%. Сè поголем број независни научни истражувања се во голема мераусогласени со овие наоди и ја поддржуваат улогата на загреаните тутунски производи како помалку штетна алтернатива за пушењето.
БАТ на почетокот на јуни минатата година, стана првата компанија од индустријата присутна во земјава со сите категории производи без чад, вклучувајќи електронски цигари, никотински ќесички и загреани тутунски производи.
Сепак, овој производ не е без ризик и содржи никотин, состојка која создава зависност.
Glo го загрева тутунот наместо да го гори, тоа генерира аеросол од тутун, помалку мирис и без пепел во споредба со цигара при пушење. Овој производ не е без ризик и содржи никотин, супстанца која создава зависност. Споредбата на чадот од научно-стандардна референтна цигара (приближно 9мг катран) и емисиите од glo во однос на просекот од 9-те штетни компоненти што Светската здравствена организација препорачува да се намали чадот од цигари.