НАПАДНАЛ ВРАБОТЕНА ВО КАЗИНО СРЕДЕ ЦЕНТАР Приведен е разбојник во Скопје

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во полицискиот билтен.

655

Полицијата го уапси триесет и тригодишниот скопјанец А.Ќ. кој одзел предмет и физички ја нападнал вработената во казино во општина Центар, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Според МВР лицето околу 17:20 часот влегло во казиното. Освен предметот што го зел, кај него било пронајдена марихуана.






„Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во полицискиот билтен.

Поврзани содржини