БРИТАНСКИ СОВЕТНИК ЌЕ МУ ПРЕНЕСЕ КЛУЧНА ПОРАКА НА ЗЕЛЕНСКИ ВО ИСТАНБУЛ Целта е да не се налути Трамп?

Изданието нагласува дека клучната препорака на советникот на британскиот премиер останува предупредување до украинскиот лидер, да избегнува какви било чекори што би можеле да го одвратат или налутат американскиот претседател.

1,033

Советникот за безбедност на британскиот премиер Кир Стармер, Џонатан Пауел, треба да го посети Истанбул за да го советува украинскиот претседател Володимир Зеленски пред преговорите со Русија, објави „Гардијан“.

Изданието нагласува дека клучната препорака на Пауел останува предупредување до Зеленски, да избегнува какви било чекори што би можеле да го одвратат или налутат американскиот претседател Доналд Трамп.






Во анализата се вели и дека сојузникот на Трамп, американскиот сенатор Линдзи Греам ќе биде во Анталија за да ги информира министрите од Европа за планот за да се наметнат санкции врз Москва доколку Русија не го прифати предлогот на западните земји за 30-дневен прекин на огнот.

Додека попладнево, 15 мај, се очекува да започнат руско-украинските преговори во Истанбул, во Анталија министрите за надворешни работи на земјите на НАТО се на на неформален состанок.

Истовремено, Зеленски е во Анкара на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Според „Гардијан“, разговорот меѓу руската и украинската страна бил опишан како „непредвидлив состанок во нејасен формат“.

Дали Велика Британија одигра улога во руско-украинските преговори во 2022 година, кога на 29 март во Истанбул, беше постигнато првото прибилижување на позициите?

Договор сепак не беше постигнат, а руската страна ја обвини Велика Британија дека интервенирала кај украинската страна да не ги прифати условите. Путин подоцна тврдеше дека Украина била подготвена да потпише договор, но дека тогашниот британски премиер Борис Џонсон го обесхрабрил украинскиот претседател Володимир Зеленски да го стори тоа.

Зеленски ги негираше наводите.

Украина на преговорите во 2022 година понуди да прифати воена неутралност и да не бара членство во НАТО, под услов да добие меѓународни безбедносни гаранции. Русија, од друга страна, побара признавање на Крим како руска територија и суверенитет над делови од Доњецк и Луганск контролирани од проруските сили.

 

Поврзани содржини