ПУТИН НЕ ДОАЃА, НО ГО ИСПРАЌА СТАРИОТ ВОЛК НА ПРЕГОВОРИТЕ Ќе има ли приближување на ставовите во Истанбул како во 2022 година?

Во руско-украинските преговори во 2022 година, кога на 29 март во Истанбул, беше постигнато првото прибилижување на позициите Медински изјави дека „Украина ја покажа својата волја да ги исполни клучните руски барања“.

1,430

Човекот кој ги предводеше првите преговори меѓу Украина и Русија на самиот почеток на војната е испратен од рускиот лидер Владимир Путин повторно да ја предводи руската делегација во Истанбул во четврток, 15 мај.

Владимир Медински не е новајлија во дипломатските мисии, иако кариерата ја започна како член на Државната дума и подоцна како министер за култура кој промориваше конзервативни и национални вредности.






Во руско-украинските преговори во 2022 година, кога на 29 март во Истанбул, беше постигнато првото прибилижување на позициите Медински изјави дека „Украина ја покажа својата волја да ги исполни клучните руски барања“.

Украина тогаш понуди да прифати воена неутралност и да не бара членство во НАТО, под услов да добие меѓународни безбедносни гаранции. Русија, од друга страна, побара признавање на Крим како руска територија и суверенитет над делови од Доњецк и Луганск контролирани од проруските сили.

Договор не беше постигнат, а руската страна ја обвини Велика Британија дека интервенирала кај украинската страна да не ги прифати условите. Путин тврдеше дека Украина била подготвена да потпише договор, но дека Џонсон го обесхрабрил украинскиот претседател Володимир Зеленски да го стори тоа.

Зошто Путин повторно го испраќа Медински, овојпат како помошник на претседателот, да ја предводи делегацијата во Истанбул? Одлуката на Путин доаѓа по шпекулациите дека рускиот претседател самиот ќе се појави на преговорите откако украинскиот лидер Володимир Зеленски изјави дека лично ќе го чека таму.

Најголемиот скандал на Медински, човекот кој го испраќа Путин, е поврзан со докторската дисертација од 2017 година, кога група научници побара да му биде одземена титулата поради наводен плагијат и користење неакадемски извори.

Медински е роден во 1970 година во градот Смела тогаш Украинска СССР, дипломирал на Московскиот државен институт за меѓународни односи МГИМО, а дел од студиите го поминал како практикант во Амбасадата на СССР во Вашингтон.

Од 2020 година ја извршува функцијата помошник на претседателот.

Како ќе течат преговорите овојпат? Зеленски претхофно изјави дека ќе учествува во преговорите само доколку Путин се појави. Во меѓувреме, беше објавено дека Зеленски во Анкара ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да патува во Турција за да учествува на претстојните разговори меѓу Русија и Украина, изјави американски функционер. На состанокот ќе присуствуваат државниот секретар Марко Рубио и специјалните пратеници Стиф Виткоф и Кејтр Келог.

Во фокусот на преговорите ќе биде и барањето за 30-дневно примирје од страна на Украина, заедно со европските држави и САД. Европската унија се закани со нов проширен пакет санкции доколку Москва одбие 30 дена мир како дел од постигнувањето трајно мировно решение.

Во последните месеци западните медиуми пишуваа доста за горливите прашања кои ќе бидат на масата. Теми на овие написи беа прашањето на Крим и четирите региони окупирани од Русија, како и челнството на Украина во НАТО и создавањето демилитаризирана зона и безбедносна архитектура.

Во меѓувреме, Украина го потпиша и ратификуваше економски договор со САД со кој, меѓу другото, се уредува експлоатирање и користење на ретките минерални богатства на земјата.

„Њујорк пост“ кон крајот на април напиша дека мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина го разгледува создавањето на заедничка комисија за следење на прекинот на огнот. Таа комисија би вклучувала претставници на Украина, Русија и трета земја која не е членка на НАТО.

Весникот тогаш напиша и дека се разгледува идејата за создавање неутрална зона околу нуклеарната централа Запорожје и дека Украина е под притисок да го прифати пакетот понуди од САД вклучително и потенцијално признавање на руската анексија на Крим во 2014 година.

На 23 април потпретседателот на САД Џеј Ди Венс изјави дека и Москва и Киев ќе мора да заборават на одредени територии и дека „можно е да повлечеме линија на фронтот каков што е сега“.

Поврзани содржини