ВОЗОВИТЕ ДО ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ШИБААТ СО 160 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС Мицкоски најави инфраструктурен бум вреден 2 милијарди евра

Ќе се модернизира и реконструира Коридорот 10, железничката пруга од Табановце до Гевгелија. Откако тоа ќе се заврши граѓаните ќе можат да го користат железничкиот транспорт со брзина од 160 км/ч во просек, а карго возовите во просек ќе возат 110 км/ч, што значи најмалку четири пати повеќе од сегашниот просек, најави премиерот за Планот за инфраструктурен бум кој опфаќа и опсежни инвестиции во здравството и во енергетиката.

635

Возовите од Табановце до Гевгелија ќе возат со 160 километри на час, а карго возовите со 110 километри на час откако ќе се реконструира Коридорот 10, најави премиерот Христијан Мицкоски на поставување камен-темелник на училишна спортска сала во општина Аеродром.

Зборувајќи за Планот за инфраструктурен бум вреден 2 милијарди евра што беше најавен на конференцијата Македонија 2025 премиерот изјави:






– Ќе се модернизира и реконструира Коридорот 10, железничката пруга од Табановце до Гевгелија. Откако тоа ќе се заврши граѓаните ќе можат да го користат железничкиот транспорт со брзина од 160 км/ч во просек, а карго возовите во просек ќе возат 110 км/ч, што значи најмалку четири пати повеќе од сегашниот просек. Со тоа очекуваме не само зголемена брзина на карго превозот, туку очекуваме и зголемен интерес за повеќе по бројност на композиции. Во нето износ тоа да биде најмалку 10 пати повеќе од тоа што денеска е и крајната цел е годишниот приход на Македонски Железници да достигне помеѓу 100-120 милиони евра – истакна Мицкоски за нови.

Во однос на реконструкцијата на Коридорот 10, дали е дел од Планот за раст, како услов кој треба да се исполни до 1 јуни, за да може да се повлечат 250 милиони евра од Европската Унија или е најавената инвестиција за новата траса, додаде:

– Да, тоа е дел од Планот за раст, но и дел од најавената инвестиција којашто на основа на Влада со Влада договор ќе го потпишеме. Многу скоро, веќе не се недели, денови се во прашање, македонската јавност точно ќе знае за што станува збор.

Премиерот додаде и дека ќе се инвестира во здравството. Како дел од проектите ги истакна изградбата на Клиничката болница во Штип, зграда на Медицинскиот факултет, студентски дом, болница во Кичево, реконструкција на Клиничката болница во Тетово.

– И понатаму продолжуваме да бараме партнер за изградба на стратешки проекти. Во енергетиката главен фокус ни се проектите Чебрен и Галиште – посочи Мицкоски.

Поврзани содржини