ТАРАВАРИ ДА КАЖЕ СО ШТО Е УЦЕНЕТ ОД СДСМ И ОД ДУИ Дали е поврзано со бизнис или постои друг мотив?
Таравари докажа дека не е стабилен човек. Таравари сега треба јасно да каже пред граѓаните, како тоа ДУИ за 10 месеци од криминална и корумпирана партија, за него стана правата и вистинска опција, истакна Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
Таравари мора јавно да одговори со што е уценет од криминалното дуо СДСМ и ДУИ, реагираше Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
– Таравари дојде на власт со ветување пред граѓаните дека заедно ќе ги испратиме ДУИ во опозиција. Што се случи за само 10 месеци, за Таравари повторно да се врати во прегратките на ДУИ? Неговото неразумно однесување, мора да се должи на уцена и диктат на криминалното дуо, СДСМ и ДУИ. За нештата да бидат појасни, граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината. А таа е следната. Таравари на состаноците во Владата, никогаш не бил слушнат да зборува за застојот во ЕУ интеграциите, кој се случи благодарение на неговите старо нови партнери, СДСМ и ДУИ. Таравари не беше слушнат да говори за тоа дека не биле добро третирани албанските прашања, затоа што и самиот тој многу пати има говорено дека Владата и тоа како се грижи за Албанците. Во недостаток на факти и аргументи, Таравари своето алиби за напуштање на владината коалиција, го темели на ЕУ интеграциите и на албанските прашања, кои за разлика од порано и тоа како се променети. Иако неговите констатации немаат никаква врска со реалноста, Таравари треба јавно да одговори со што е уценет од СДСМ и од ДУИ? Дали е нешто поврзано со бизнис или некаков друг вид на мотив? Таравари докажа дека не е стабилен човек. Таравари сега треба јасно да каже пред граѓаните, како тоа ДУИ за 10 месеци од криминална и корумпирана партија, за него стана правата и вистинска опција – истакна Ковачки.