ТАРАВАРИ ДА ОДГОВОРИ СО ШТО ГО УЦЕНИЈА ДУИ Лидерот на Алијанса за Албанците ќе се претопи во криминална шема?

Арбен Таравари е уценет човек, цената на таквата уцена треба да се бара во бизнис или друг вид на мотиви. Тој се потврди дека не е стабилен партнер со кого може да се гради политика, велат од ВМРО-ДПМНЕ и порачуваат дека Таравари ќе се претопи во криминалната шема на ДУИ.

202

Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари да одговори со што го уценија ДУИ, и тој како СДСМ се претопи во нивната криминална шема, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

„Ова негово неразумно однесување може да се случи само како резултат на уцена и под диктат на криминалното лоби, истото тоа кое СДСМ го клекна на колена и го претопи во партнерство и брак со мафијата на ДУИ“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.






Во написот се вели дека цената на таквата уцена треба да се бара во бизнис или друг вид на мотиви.

„Арбен Таравари треба да е искрен и да признае дека информациите кои сега ги лиферува за излегување од Владата, како на пример дека не биле третирани добро албанските прашања или дека имало застој на ЕУ интеграциите се само бледо алиби за неговото уценето делување. Арбен Таравари е уценет човек, цената на таквата уцена треба да се бара во бизнис или друг вид на мотиви. Тој се потврди дека не е стабилен партнер со кого може да се гради политика. Тој треба да објасни на своите гласачи како сега за него ДУИ е правата вистинска и единствена опција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини