ПУТИН НЕМА ЛИЧНО ДА ПРЕГОВАРА СО ЗЕЛЕНСКИ? Лавров и Ушаков ќе ја претставуваат Русија на преговорите во Турција

Од американска страна се очекува да присуствуваат државниот секретар на САД, Маркo Рубио, и специјалните пратеници Стив Виткоф и Кит Келог, што е прв знак за одреден напредок по неколку недели во кои се чинеше дека преговорите се во застој, посочува Вашингтон пост.

282

Висок поранешен функционер на Кремљ, кој сакал да остане анонимен поради чувствителноста на темата, рекол дека Русија, на претстојните разговори во Истанбул, ќе ја претставуваат министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, и претседателскиот советник за надворешна политика, Јуриј Ушаков, објави Вашингтон пост.

Ова ќе бидат први директни преговори меѓу Русија и Украина од 2022 година, а беа иницирани од претседателот на Русија, Владимир Путин, како одговор на зголемените западни барања Русија да се согласи на 30-дневен прекин на огнот како чекор кон потрајниот мир.






Од американска страна се очекува да присуствуваат државниот секретар на САД, Маркo Рубио, и специјалните пратеници Стив Виткоф и Кит Келог, што е прв знак за одреден напредок по неколку недели во кои се чинеше дека преговорите се во застој, посочува Вашингтон пост.

Понудата на Путин за разговори беше веднаш поддржана од претседателот на САД, Доналд Трамп, но европските претставници и аналитичари изразуваат сомнеж, верувајќи дека тоа би можело да биде „типичен маневар на Кремљ за да се купи време и за да се спречи решавање на конфликтот“.

– Ќе направиме сè за да биде успешен овој состанок. Ако Путин навистина е подготвен да се сретне не само во медиумите, туку и во реалниот живот, тогаш ќе направиме сè за да се договориме за прекин на огнот – рече Зеленски, нагласувајќи ја важноста од директни преговори со Путин, кој на крајот има моќ да одлучи за прекин на огнот.

Путин понуди директни разговори со Украина во Турција, и покрај тврдењата на руските аналитичари дека преговорите со Киев се невозможни поради наводниот недостаток на легитимитет на Зеленски.

Критичарите, вклучително и високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Каја Калас, тврдат дека Русија само „одложува“ и не бара вистински мир.

Понудата на Путин за разговори привремено го одложи западниот притисок за 30-дневен прекин на огнот и го наруши трансатлантското единство, кое првично го поддржа барањето за безусловен прекин на огнот, со поддршка на Трамп.

Како одговор, европските лидери го суспендираа наметнувањето нови санкции, но предупредија дека понатамошните преговори мора да произведат вистински напредок, или ќе бидат поддржани построги санкции.

Зеленски најави дека ќе се сретне со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и изрази подготвеност да отпатува во Истанбул доколку Путин одлучи да дојде.

Поврзани содржини