ПЕСКОВ НЕ ПРЕЦИЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ДОЈДЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ ВО ИСТАНБУЛ „Руската делегација ќе ја чека украинската страна“

Песков не го откри составот на преговарачката група од руска страна, ниту пак го прецизираше времето на почетокот на состанокот. 

231

Руската делегација ќе ги чека украинските претставници во Истанбул, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

„Нашата делегација ќе биде таму и ќе ја чека украинската страна“, изјави портпаролот на Кремљ за телевизијата „Росија 1“.






Тој не го откри составот на преговарачката група од руска страна, ниту пак го прецизираше времето на почетокот на состанокот.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска најави дека очекува со него на преговарачката маса да седне рускиот претседател Владимир Путин.

Преговорите се очекува да се одржат во четврток.

Поврзани содржини