📷 ДАНИЈЕЛА ДИМИТРОВСКА СЕ СВРШИ На раката на манекенката блесна дијамантски прстен
Атрактивната српска манекенка и водителка со македонско потекло Данијела Димитровска и Јеврем Косниќ по две години врска одлучија да се свршат, а веста за свршувачката ја потврди и самата водителка.
Атрактивната српска манекенка и водителка со македонско потекло Данијела Димитровска и Јеврем Косниќ по две години врска одлучија да се свршат, а веста за свршувачката ја потврди и самата водителка.
Данијела се пофали со својот скап прстен на социјалните мрежи, а нејзините обожаватели ја преплавија нејзината објава со честитки и желби за добро здравје.
View this post on Instagram
„Да! Некои работи не ги планираш, едноставно се случуваат. Тивко, силно, засекогаш. Благодарна сум, среќна, смирена. Затоа што кога ќе го најдеш вистинскиот, знаеш дека си дома“, напишала убавата Данијела покрај фотографијата.
„Би ги задржала деталите од самиот чин само за нас двајца. Тој романтичен чин ќе ми остане врежан во сеќавањето засекогаш. Можам да кажам дека сум најсреќната жена на светот и сè уште не можам да ги сопрам емоциите. Кога љубовта е чиста и вистинска, секој момент со саканата личност е како бајка“, рекла Данијела за „Блиц“.
За потсетување, Данијела Димитровска беше во брак со српскиот водител Огњен Амиџиќ, со кого го доби синот Матија, кој ќе наполни 12 години оваа година во декември. По разводот, таа ја пронајде среќата покрај поранешниот спортист Јеврем Косниќ, на кого наскоро ќе му се заколне на вечна љубов.