🎥 СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ПУКАЊЕТО ВО ШТИП Полицијата трага по пиштолџијата

1,364

Штипската телевизија Стар на својата Фејсбук страница објави снимка од оружениот инцидент кој се случил вечерва во кафуле во Штип во кој со пиштол било рането едно лице.

Како што информираа од полицијата, повреденото лице е префрлено во болницата во Штип, а се трага по напаѓачот.






Неофицијално, жртвата е турски студент, а осомничен за убиството е исто така турски студент со име Бедри Полат кој е во бегство.

На видеото се гледа како Полат влегува во тоалет по што излегува и пука во колегата студент по што бега, а други лица се обидуваат да му помогнат на повредениот.

Ве предупредуваме, содржината на видеото е вознемирувачка:

Поврзани содржини