Едно лице е повредено вечерва во пукање со пиштол што се случило во кафуле на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало.
Според информациите на МИА, во штипската полиција вечерва околу 21: 30 часот е пријавено пукање во угостителски објект. Притоа е повредено едно лице кое е пренесено во штипската Клиничка болница.
– Вечерва околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот – велат од полицијата.
Според очевидците, како што пренесуваат дел од медиумите, инволвираните во инцидентот седеле на различни маси кога напаѓачот посегнал по огнено оружје и го застрелал другото лице пред голем број очевидци.