АПСУРДНА Е ЗАБРАНАТА ЗА ПРЕЛЕТ НА ВУЧИЌ И НА ФИЦО Песков ги обвини Полска и балтичките земји за русофобија

Како може да се коментира ова? Земјите продолжуваат со својата апсурдна политика, полна со русофобија, и ја проектираат оваа политика дури и врз своите колеги во Европа. Ова укажува дека, секако, пред сè, веројатно, во ЕУ јасно созреваат многу силни и сериозни противречности изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

502

Кремљ ја оцени како апсурдна одлуката на властите во Полска и во балтичките држави да им забранат прелет на авионите со кои српскиот претседател Александар Вучиќ и словачкиот премиер Роберт Фицо треба да отпатуваат во Москва на одбележувањето на 80-годишнината од победата над фашизмот.

– Како може да се коментира ова? Земјите продолжуваат со својата апсурдна политика, полна со русофобија, и ја проектираат оваа политика дури и врз своите колеги во Европа. Ова укажува дека, секако, пред сè, веројатно, во ЕУ јасно созреваат многу силни и сериозни противречности – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.






Од него беше побарано да ја коментира одлуката на властите на Полска и балтичките држави да ги забранат летовите на Вучиќ и Фицо во нивниот воздушен простор, во намерата да учествуваат во прославите на 80-годишнината од Победата над фашизмот во Москва.

Поврзани содржини