РУСИЈА УДРИ ВРЗ ЦИВИЛНА ЦЕЛ ВО ОДЕСА, ИМА ЗАГИНАТИ Харков под оган, над 200 судири низ Украина
Рускиот претседател, Владимир Путин, прогласи еднострано примирје кое се совпаѓа со одбележувањето на годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија на 9 мај, на кое треба да присуствуваат неколку странски достоинственици.
Еден човек е убиен, а друг е повреден во руски воздушен напад врз цивилната инфраструктура во јужниот регион Одеса, соопшти денеска канцеларијата на регионалниот обвинител, кратко пред почетокот на 72-часовното примирје предложено од Кремљ.
– Две лица се повредени во масовниот напад со беспилотни летала врз градот Харков – изјави градоначалникот Ихор Терехов.
Околу 200 борби се регистрирани во Украина во текот на последниот ден, објави денеска на ФБ Генералштабот во Киев. Се наведува дека особено жестоки борби се случиле во областа околу градот Покровск во регионот Донецк, каде бранителите одбиле 78 напади од страна на руската армија.
Информациите, дадени од завојуваните страни, не можат независно да се потврдат, но даваат претстава за обемот на борбите.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 105 украински беспилотни летала биле соборени над 11 руски региони во текот на ноќта – 19 од нив над Московскиот регион.
Рускиот претседател, Владимир Путин, прогласи еднострано примирје кое се совпаѓа со одбележувањето на годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија на 9 мај, на кое треба да присуствуваат неколку странски достоинственици.
Прекинот на огнот е предвиден да важи од полноќ во среда во Москва до полноќ во сабота (21:00 ГМТ среда – 21:00 ГМТ сабота).
📽 НАПАД СО ДРОНОВИ ВРЗ МОСКВА, УНИШТЕНИ 19 ЛЕТАЛА Затворени се 4 главни аеродроми околу градот