„ТЕМУ“ НЕМА ДА ИСПОРАЧУВА СТОКИ ВО САД Американците ќе бараат остатоци од магацините

174

Кинеската компанија „Тему“ денеска објави дека повеќе нема да испорачува стока од Кина во САД поради новите американски царински мерки.

Како што објави порталот „Tech Crunch“, компанијата Тему ја донела таа одлука откако американскиот претседател Доналд Трамп го укина правилото „de minimis“, што дозволуваше увоз на стока во вредност до 800 долари без царина.






Според американската мрежа Си-Ен-Би-Си, американските клиенти на платформата „Tему“ веќе почнале да гледаат дополнителни „даноци за увоз“ од 130 до 150 проценти, а како одговор, компанијата престана да ги прикажува производите од Кина како достапни, додека понудите сега се ограничени на стоки од американски магацини.

Поврзани содржини