БЛОКИРАНИ УЛИЦИ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ПОРАДИ ПРВОМАЈСКИ ПРОТЕСТ Полицијата информира за времен сообраќаен режим

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.

197

СВР Скопје известува дека денеска со почеток во 11 часот, поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

„Протестот е предвидено да започне пред зградата на ССМ на улицата Мирче Ацев, со движење лево по улицата Филип Втори Македонски, десно по улицата 11 Октомври, право по улицата Димитрие Чуповски, десно по улицата Васил Главинов, право по булеварот ВМРО, лево по булеварот Илинден, до пред Владата“, соопшти МВР.






СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.

Поврзани содржини