ПОЛИЦАЕЦ НАПАДНАТ ОД 22-ГОДИШНА ШТИПЈАНКА Кривична пријава за младата девојка

Инцидентот се случил на 26 јануари 2025 година, кога пријавената физички го нападнала полицаецот додека тој постапувал по службена должност.

118

Млада штипјанка нападна полициски службеник додека извршувал службени дејствија во центарот на Штип.

Како што информираше Министерството за внатрешни работи, против М.И. (22) од Штип е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“. Инцидентот се случил на 26 јануари 2025 година, кога пријавената физички го нападнала полицаецот додека тој постапувал по службена должност.






Од МВР апелираат до сите граѓани да ги почитуваат наредбите на полициските службеници и да се воздржат од какви било напади врз службени лица, бидејќи ваквите дела се сериозно кривично санкционирани.

Поврзани содржини