ПИСМО ОД ТИТАНИК ПРОДАДЕНО ЗА 400.000 ДОЛАРИ Патникот преживеал и напишал книга за хаваријата

Сумата далеку ја надмина првично проценетата вредност од 60.000 фунти.

188

Писмо напишано за време на последното патување на Титаник, на 15 април 1912 година, е продадено на аукција за речиси 400.000 долари (350.000 евра).

Писмото е напишано од патникот Арчибалд Грејси на 10 април 1912 година е продадено на приватен колекционер во САД, информира аукциската куќа „Хенри Олдриџ и син“ од Вилтшир, Англија.






Сумата далеку ја надмина првично проценетата вредност од 60.000 фунти.

Грејси, кој скокнал од бродот за време на потонувањето и успеал да се искачи на превртениот чамец, бил спасен од патници од друг чамец за спасување и однесен на бродот „Карпатија“, кој ги собрал сите преживеани.

Неговата книга, која ја напишал кратко по враќањето во Њујорк, се смета за еден од најдеталните извештаи за настаните од ноќта кога Титаник потонал, откако удрил во леден брег, при што загинале околу 1.500 луѓе на неговото прво патување.

За жал, тој никогаш не се опоравил целосно од хипотермијата што ја претрпел и починал од компликации од дијабетес кон крајот на 1912 година.

Поврзани содржини