ПО 70 ДЕНА ТРУД И ЉУБОВ Старата сала во Владимирово блесна во чест на маестро Чавдарски

Свеченото отворање беше проследено со концерт на камерниот оркестар „Скопски солисти“, предводени од виртуозот на обоа проф. Васил Атанасов, со специјален настап на баритонот Борис Трајанов — несекојдневен настан за Малешевијата.

715

Старата сала на Задружниот дом во Владимирово доби нов живот и ново име: Ванчо Чавдарски — во чест на маестро Чавдарски, диригентот со светска слава којшто гордо ја носеше Македонија на светската културна сцена.

Само за 70 дена, со здружени сили на мештаните и сите што потекнуваат од Владимирово, салата беше целосно возобновена. Свеченото отворање беше проследено со концерт на камерниот оркестар „Скопски солисти“, предводени од виртуозот на обоа проф. Васил Атанасов, со специјален настап на баритонот Борис Трајанов — несекојдневен настан за Малешевијата.






Под диригентската палка на Ангел Спировски, пред бројната публика беа изведени дела од европски и македонски композитори. Настанот изобилуваше со емоции: спомени за животното дело на Чавдарски, за неговите патувања низ светот и љубовта кон родното Владимирово. Професор Атанасов трогателно раскажа како маестро Чавдарски патувал дури 1000 километри од Австралија до Сеул за да му присуствува на концерт.

За значењето на Чавдарски за историјата и иднината на Владимирово зборуваа и Горан Алачки од Центарот за култура „Горан Алачки“ и Камелија Левенска од Фондацијата „д-р Михаил Левенска“.

Настанот ги воодушеви сите присутни — со овации, долги аплаузи и емоции какви што некогаш ја следеа славата на маестро Чавдарски на концертните сцени ширум светот.

Поврзани содржини