ШМИТ ГИ БЛОКИРАШЕ ПАРИТЕ НА ПАРТИЈАТА НА ДОДИК Претседателот на Република Српска со прашање – „Ова ли е демократија?“
Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, денеска во Сараево соопшти дека донел одлука да го блокира финансирањето на Сојузот на независни социјалдемократи и Обединета Српска поради „нападот на Дејтонскиот договор и уставниот поредок на Босна и Херцеговина“.
Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, денеска во Источно Сараево праша „како е можно со одлуката на високиот претставник Кристијан Шмит да се блокираат средствата од буџетот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) и Обединета Српска.
– Дали тоа е демократија? На која основа го прават ова? – изјави Додик.
Како што пренесе бањалучкиот весник „Независне новине“, тој наведе дека поради санкциите што претходно му ги воведе САД, платата ја прима по пошта, дека е претседател на РС и дека не зема плата од партијата.
Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, денеска во Сараево соопшти дека донел одлука да го блокира финансирањето на Сојузот на независни социјалдемократи и Обединета Српска поради „нападот на Дејтонскиот договор и уставниот поредок на Босна и Херцеговина“.
– Средствата ќе бидат суспендирани и пренасочени на посебна сметка во Централната банка на Босна и Херцеговина – рече Шмит.