ТРГОВСКИОТ СУФИЦИТ НА ЕУ ВО ФЕВРУАРИ ИЗНЕСУВА 23 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Еве со кои земји е забележан најголем суфицит

Трговската размена меѓу земјите членки на ЕУ во јануари и февруари 2025 изнесувала 671,8 милијарди евра, што е речиси непроменета сума во споредба со истиот период лани. 

131

Европската Унија во февруари годинава оствари 23,0 милијарди евра суфицит во трговската размена на стоки со остатокот на светот, што претставува зголемување за 5,5% во споредба со истиот месец лани, кога трговскиот суфицит изнесуваше 21,8 милијарди евра. Во јануари 2025 година ЕУ имаше трговски дефицит од 5,6 милијарди евра.

Како што соопшти Европската статистичка служба – Евростат, во вториот месец од 2025 година ЕУ извезла стоки во вредност од 225,4 милијарди евра, што претставува годишен раст од 7,0% од остварените 210,6 милијарди евра во февруари 2024 година.






Од друга страна, во ЕУ се увезени стоки во износ од 202,4 милијарди евра, што е зголемување за 7,2% во споредба со февруари 2024 година, кога увозот изнесуваше 188,8 милијарди евра.

Трговската размена меѓу земјите членки на ЕУ во јануари и февруари 2025 изнесувала 671,8 милијарди евра, што е речиси непроменета сума во споредба со истиот период лани.

Најголем суфицит во трговијата со стоки во февруари годинава, ЕУ имала со САД од 23,6 милијарди евра, по што следуваат Велика Британија со 15,4 милијарди, Швајцарија од 8,4 милијарди, Турција од 1,6 милијарди и Јапонија од 1,0 милијарди евра. Најголем трговски дефицит, пак, ЕУ има со Кина од 26,1 милијарди евра, пред Норвешка од 3,2 милијарди, Индија од 1,7 милијарди и Јужна Кореја од 1,1 милијарди евра.

Кога станува збор само за Еврозоната, таа во февруари годинава оствари суфицит од 24 милијарди евра во трговијата со стоки со земји кои не се членки на ЕУ, што претставува раст за 10,6 отсто во споредба со вишокот на трговска размена од 21,7 милијарди евра во истиот лански месец. Во јануари 2025 година Еврозоната оствари трговски суфицит од 800 милиони евра.

Извозот на стоки од Еврозоната кон остатокот од светот во февруари 2025 година изнесувал 248,7 милијарди евра, што претставува раст од 6,2% во споредба со 234,2 милијарди евра од ланскиот февруари.

Увозот, пак, во Еврозоната достигнал 224,7 милијарди евра, односно е зголемен за 5,7 % во споредба со февруари 2024 година, кога изнесуваше 212,5 милијарди евра.

Трговската размена меѓу земјите од Еврозоната во јануари и февруари 2025 година изнесуваше 429,1 милијарди евра, што е зголемување од 0,2% во споредба со истиот период лани.

Поврзани содржини