АКТУЕЛНАТА „OPEL CORSA“ АПСОЛУТЕН БЕСТСЕЛЕР Милион купувачи се одлучија за овој модел

Со богата понуда – од електрични и хибридни до мотори со внатрешно согорување – „Corsa“ продолжува да биде автомобил за секојдневието на модерниот купувач.

138

„Opel Corsa“ продолжува да ја пишува својата успешна приказна со полна пареа. Откако беше лансирана актуелната генерација „F“ во 2019 година, над 1 милион модели се произведени во фабриката на „Opel“ во Сарагоса, Шпанија, што го потврдува нејзиниот статус како еден од најпопуларните мали автомобили во Европа.

Уште поимпресивно, продажбата на „Corsa“ бележи пораст од 18% во првиот квартал на 2025 година во споредба со последниот квартал од минатата година, според податоците за нови регистрации во Европа (Е29).






– Нашата „Corsa“ е апсолутен бестселер. Милионитата единица од оваа генерација е доказ дека клиентите навистина го сакаат овој автомобил – комбинација од модерен дизајн, иновативна технологија и компактна практичност – изјави Флориан Хетл, извршен директор на „Opel & Vauxhall“.

Од премиерата на првата Corsa во „1982“ година до денес, вкупно се продадени околу 15 милиони возила ширум светот – бројка што зборува сама за себе.

Најпродаван мал автомобил во Европа

Според германската Федерална управа за моторен транспорт (KBA), Corsa е најпродаваниот мал автомобил во Германија четири години по ред, а истото важи и за Велика Британија во периодот од 2021 до 2023 година. Во првиот квартал од 2025, „Corsa“ повторно го предводи сегментот B на овие два клучни пазари.

Популарноста се шири и надвор од големите пазари:

– Во Хрватска, Холандија, Норвешка и Словенија, „Corsa“ е меѓу топ 3 автомобили во својот сегмент,
– Во Грција – „Corsa“ беше најпродаван патнички автомобил во 2023 година.

Дополнително, „Opel Corsa“ се закити со бројни признанија, вклучувајќи ги:

„Најдобар автомобил во класата“ за 2025 (Opel Corsa Electric)

„Најдобро електрично градско возило“

Фото: Opel Corsa

Електрифицирана иднина и безброј опции

„Opel“ вложува континуирано во развојот на „Corsa“, особено во насока на електрификацијата. Новата „Corsa Electric“, со батерија од 51 kWh и опсег до 429 km, нуди подобрени перформанси без зголемување на цената.

Достапна е и во специјално издание „Corsa YES“, кое доаѓа во живописни бои и како електрична верзија, правејќи ја уште поатрактивна за младата генерација возачи.

Со богата понуда – од електрични и хибридни до мотори со внатрешно согорување – „Corsa“ продолжува да биде автомобил за секојдневието на модерниот купувач.

Поврзани содржини