31-ГОДИШЕН МАЖ ВО ЗАГРЕБ БИЛ ПРЕТЕПАН ДО СМРТ Алкохолот ја распламнал кобната пресметка во стан

Набргу по инцидентот, 39-годишниот осомничен бил пронајден на адреса на живеење во месноста Стењевац и е приведен во полициска управа.

374

По консумирање алкохол во вторникот околу 20 часот, на улицата Златка Шулентица во загрепската населба Суседград настанала жестока физичка пресметка меѓу двајца мажи на возраст од 39 и 31 година, објави хрватски Дневник.

Како што информира полицијата, тепачката се случила во стан, а при инцидентот помладиот маж им подлегнал на повредите.






Набргу по инцидентот, 39-годишниот осомничен бил пронајден на адреса на живеење во месноста Стењевац и е приведен во полициска управа. Против него е покрената кривична истрага, која е во тек.

Полицијата продолжува со прибирање информации и со утврдување на околностите поврзани со трагичниот настан.

Поврзани содржини