ЌЕ ДОБИЕ ЛИ ПАЛЧО НОВ АДВОКАТ? Продолжува судењето за убиствата на Вања и на Панче

Се очекува денеска Палевски да раскаже што правел во деновите меѓу двете убиства и на 27 ноември, кога е убиена Вања.

1,689

Со исказот на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо денеска во Кривичниот суд во Скопје ќе продолжи судењето за грабнувањата и за свирепите убиства на Вања Ѓорчевска (14) и Панче Жежовски (74), извршени во ноември 2023 година. Освен на Палевски, за злосторствата им се суди и на Велибор Манев, Боре Видевски и на Влатко Кешишев, а петообвинет во процесот е Александар Ѓорчевски за помагање во грабнувањето на неговата ќерка.

Минатото рочиште на 16 април беше одложено поради болест на адвокатот Јовица Страшевски. Тој денеска треба да продолжи да му поставува прашања на неговиот клиент Палевски, кој во своето сведочење застана до 22 ноември 2023 година, денот кога е убиен Панче Жежовски.






Се очекува Палевски да раскаже што правел во деновите меѓу двете убиства и на 27 ноември, кога е убиена Вања.

Палевски негира дека учествувал во грабнувањето и во убиствата и тврди дека убиствата му се наместени поради неговите политички активности како претседател на партијата Десна.

Во своите искази второобинетиот Манев рече дека Палевски пукал и во Панче и во Вања. И четвртообвинетиот Кешишев го посочи Палевски како убиец на детето, а за време на убиството на Панче рече дека бил далеку. Третообвинетиот Видевски негираше дека учествувал во злосторствата.

И таткото Александар негираше каква било поврзаност и комуникација со првообвинетиот Палевски, како и со останатите обвинети.

На минатото рочиште судијата Ивица Стефановски најави дека ако Страшески и денеска не може да дојде на судењето, ќе му назначи службен бранител на Палевски. Причината е што предметот е притворски, а судскиот процес е речиси при крај.

 

Поврзани содржини