ЃОКОВИЌ СЕ НАДЕВА ДЕКА ЌЕ СТИГНЕ ДО ПОЛУФИНАЛЕ СО АЛКАРАЗ Тенискиот ас уште не е во топ форма
Се надевам дека можам да стигнам до полуфиналето со него бидејќи сè уште го барам моето максимално ниво, истакна најдобриот тенисер на сите времиња кој во Мадрид триумфираше трипати.
„Секогаш се сеќавам на големите партии, особено против Надал, мојот најголем ривал. Но, исто така се потсетувам себеси дека овде последен пат го загубив полуфиналето против Алкараз“.
Вака изјави српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ во Мадрид на доделувањето на наградата „Лауреус“ за најдобри спортисти во светот.
– Се надевам дека можам да стигнам до полуфиналето со него бидејќи сè уште го барам моето максимално ниво – истакна најдобриот тенисер на сите времиња кој во Мадрид триумфираше трипати.
Ѓоковиќ повеќепати повторил дека го смета Надал за свој најголем противник. Но, овојпат тој е загрижен за младиот Шпанец Алкараз.