СЕ ЧЕКА ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ЛЕКОВИТЕ Набавката на Онкологија ќе биде завршена до крајот на неделата

Како што дополнително информираат од УКРО, јавната набавка опфаќа околу 40 различни ставки, од кои дел се токму оние лекови што во моментов се дефицитарни и најпотребни за пациентите.

138

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) се прават максимални напори за што побрзо пристигнување на дефицитарните лекови. Од институцијата информираат дека сите потребни постапки се при крај, со цел пациентите да ги добијат неопходните терапии без натамошни доцнења.

„Постапката од наша страна е целосно завршена. Управната контрола во Бирото за јавни набавки беше успешно комплетирана за многу кратко време. Во моментов тече рокот за жалби, а предметот е во рацете на Државната комисија за жалби по јавни набавки“, информираат од Клиниката.






Од УКРО нагласуваат дека тимот задолжен за јавни набавки работи интензивно, со фокус процесот да се заврши во најкус можен рок. По завршувањето на оваа фаза, ќе следува потпишување на договорите со дистрибутерите, по што лековите ќе бидат испорачани.

„Нашата цел е лековите да бидат доставени на Клиниката до крајот на неделата“, додаваат од таму.

Како што дополнително информираат од УКРО, јавната набавка опфаќа околу 40 различни ставки, од кои дел се токму оние лекови што во моментов се дефицитарни и најпотребни за пациентите.

Поврзани содржини