ГАШИ ГИ НЕГИРА ГЛАСИНИТЕ ДЕКА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ВРЕДИ Останува лојален на гласачите што го избраа

Како пратеник во републичкото Собрание останувам лојален на гласачите кои ме избраа на изборите на 8 мај 2024 година. Значи, Африм Гаши е член на Алтернатива во коалицијата Вреди, напиша претседателот на Собранието Африм Гаши на Фејсбук.

395

Претседателот на Собранието Африм Гаши во објава на Фејсбук пишува дека останува во коалицијата Вреди, демантирајќи ги информациите објавени во некои медиуми дека излегува од коалицијата.

„Како пратеник во републичкото Собрание останувам лојален на гласачите кои ме избраа на изборите на 8 мај 2024 година. Значи, Африм Гаши е член на Алтернатива во коалицијата Вреди. Како претседател на Собранието се трудам да бидам еднаков за сите пратеници и пратенички групи, бидејќи тоа ми го наметнува уставната одговорност и функцијата што ја извршувам“, напиша Гаши.






По несогласувањата со лидерот на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, од Вреди најавија дека од следната недела ќе почне процедурата за создавање една партиија од коалицијата.

Лидерот на Демократско движење Изет Меџити, во интервју во емисијата „ПодГо“ на Телеграфи Македонија на албански јазик, информира дека новата партија ќе има заеднички штаб, информативен центар, заеднички кандидати, заедничка програма и листи на заеднички советници на претстојните локални избори.

 

 

Поврзани содржини