ОВАА ГОДИНА ИМА 20% ПОВЕЌЕ ПАТНИЦИ НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ Сѐ повеќе туристи го посетуваат Охрид
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, нагласи дека МВР и СВР Охрид ги преземаат сите потребни предуслови за да може сите туристи во претстојната сезона да бидат безбедни и да уживаат во својот одмор, како во рамки на СВР Охрид, така и на територијата на целата држава.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска беше во работна посета на СВР Охрид и Полициската станица за граничен премин „Св. Апостол Павле“ на која се наоѓа Аеродромот во Охрид.
Тој посочи дека позитивната констатација од посетата е дека има зголемување на патниците на овој граничен премин, како и на сите гранични премини во рамки на Регионалниот центар – Запад.
– За споредба со истиот период лани, оваа година имаме за околу 20% зголемен број на патници на граничниот премин на аеродромот, а за околу 30% на граничниот премин Блато кај Дебар. Се фокусираме на зголемување на техничките услови и на човечките капацитети со кои ќе можеме соодветно да одговориме на овој зголемен број патници коишто го имаме во овој временски период. Добро е што имаме зголемена размена на туристи и сакаме тој број контактно да расте, што повеќе туристи да ги видат убавините на Охрид и на Македонија – потенцираше министерот Тошковски.
Тошковски нагласи дека МВР и СВР Охрид ги преземаат сите потребни предуслови за да може сите туристи во претстојната сезона да бидат безбедни и да уживаат во својот одмор, како во рамки на СВР Охрид, така и на територијата на целата држава.