БЕГСТВО ОД ДОМА НА ВЕЛИГДЕН Колони на „Богородица“, граѓаните чекаат во ред за да избегаат во Грција

Причина за зголемениот метеж е продолжениот викенд – понеделник е неработен ден, поради што многумина го искористија празничниот период за кратко патување и одмор во Грција.

2,018

Големи гужви и долги колони се формираа утрово на граничниот премин „Богородица“ кон Грција, каде што голем број граѓани решија да го поминат продолжениот викенд и празникот Велигден кај јужниот сосед.

Иако според податоците на АМСМ, времето на чекање на премините „Богородица“ и „Дојран“ е меѓу 10 и 15 минути, патници на терен пријавуваат дека реалното чекање на „Богородица“ достигнува и до 40 минути, поради зголемената фреквенција на возила.






„На граничните премини Дојран и Богородица време на чекање за излез е 10 – 15 минути, а на граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е 20 – 30 минути“, известија утрово од АМСМ.

Причина за зголемениот метеж е продолжениот викенд – понеделник е неработен ден, поради што многумина го искористија празничниот период за кратко патување и одмор во Грција.

Поврзани содржини