ЗАХАРОВА ЈА ПРЕДУПРЕДИ ГЕРМАНИЈА ДА НЕ СЕ ШЕГУВА Русија во еден случај ќе се смета во директна војна со Берлин

Москва ќе го смета нападот со ракетите Таурус врз која било руска цел како учество на Берлин во воените операции на страната на Киев.

2,995

Голема врева настана по шпекулациите дека Украина може да добие ракети Таурус. Идниот германски канцелар Фридрих Мерц претходно не ја отфрли опцијата неговата земја да го достави ова оружје во Киев. Според него, тоа мора да се договори со европските партнери.

Сега стигна реакција од Москва, а се огласи и Марија Захарова.






Таа нагласи дека Москва ќе го смета нападот на ракетите Таурус врз која било руска цел како учество на Берлин во воените операции на страната на Киев.

– Сето тоа ќе се смета за директно учество на германската армија во воените дејствија на страната на режимот во Киев со сите последици што произлегуваат за Германија – нагласи Захарова, пренесува РИА Новости.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус рече дека има „многу аргументи“ против таквиот потег.

Канцеларот во заминување Олаф Шолц постојано ја блокираше испораката на ракетите Таурус поради страв од ескалација. Мерц ја критикуваше политиката, тврдејќи дека на Украина треба да и се дадат средства за удар на стратешко ниво.

Во интервјуто на 13 април, Мерц изјави дека, доколку бидат испорачани, ракетите со долг дострел би можеле да се искористат за цел на стратешката руска воена инфраструктура во окупираниот Крим.

Украина досега добила американски ракети „ATACMS“, британски „Storm Shadow“ и француски „SCALP“, кои ги користела против руските позиции на окупираните територии и во пограничните области на Русија.

Поврзани содржини