ПРОМЕНИ ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ЗА ВЕЛИГДЕН Автобусите со нов распоред за празникот, еве кога ќе возат

Од ЈСП Скопје апелираат до граѓаните да ги планираат своите патувања навреме, особено за време на празничните денови кога возниот ред е изменет.

3,991

По повод верскиот празник Велигден, од 18 до 21 април 2025 година, автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје.

Од претпријатието посочуваат дека граѓаните треба да ги имаат предвид измените во работното време на билетарниците и на Жичницата.






Работно време на билетарниците и центрите за персонализација:

Во сабота (19 април) – сите билетарници и центри ќе работат со редовно работно време.

Во петок (18 април) и недела (20 април) – дежурна ќе биде само билетарницата и центарот за персонализација во Транспортниот центар.

Жичницата:

Од петок до недела (18 – 20 април), Жичницата ќе работи од 10 до 18 часот.

На понеделник (21 април) Жичницата нема да работи, како и секој понеделник и последен вторник во месецот.

Од ЈСП Скопје апелираат до граѓаните да ги планираат своите патувања навреме, особено за време на празничните денови кога возниот ред е изменет.

Поврзани содржини