📷 ЧЕТИРИ ПОЛНИ ЛЕНТИ ЗА ИЗЛЕЗ ОД МАКЕДОНИЈА Започна велигденската миграција кон Грција
Според видеоснимката од безбедносната камера поставена на преминот, се гледаат четири полни ленти со возила кои чекаат за излез од земјата.
На граничниот премин „Богородица“, денеска попладне се создаде значителна гужва, откако голем број македонски граѓани тргнаа на пат кон соседна Грција, каде ќе го поминат продолжениот велигденски викенд.
Според видеоснимката од безбедносната камера поставена на преминот, се гледаат четири полни ленти со возила кои чекаат за излез од земјата.
Патниците главно се семејства и помали групи кои го користат празничниот период за одмор, најчесто на грчките плажи и викенд-дестинации како Паралија, Лептокарија, Олимпик Бич Олимпик Бич, Неи Пори…
Продолжениот празничен викенд ќе трае до понеделник, а засилен сообраќај назад во земјата се очекува во недела попладне и понеделник навечер.