ГРАЃАНИТЕ И БИЗНИСИТЕ ВО БАНКИТЕ ЧУВААТ 9,7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Нивниот долг порасна на 8,2 милијарди евра
Граѓаните и во март најмногу се задолжувале со станбени и потрошувачки кредити кај кои е забележан раст од 1,6% односно од 1,0% и 1,6%. На годишна основа овие кредити се зголемила за 13,9% односно за 9,2% .
Граѓаните и корпоративниот сектор во банките во март чувале 9,7 милијарди евра, а нивниот долг кон банките овој месец изнесувале 8,2 милијарди евра, покажуваат последните податоци на Народната банка.
Според овие податоци, вкупните депозити и вкупните кредитите во март забележале речиси еднаков годишен раст. Кај депозитите тој е од 12,7%, додека кај вкупните кредити од 12,3%.
Кај депозитите забележан е раст во двата сектора со поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства”, додека кај кредитите поизразен придонес има корпоративниот сектор.
Во март, вкупните депозити оствариле месечен раст за 0,6%, додека вкупните кредити се зголемиле за 1,0%.
Граѓаните и во март најмногу се задолжувале со станбени и потрошувачки кредити кај кои е забележан раст од 1,6% односно од 1,0% и 1,6%. На годишна основа овие кредити се зголемила за 13,9% односно за 9,2% .
Минатиот месец е забележан пад од 1,1% на автомобилските кредити, но на годишна основа тие пораснале за 3,4%. Во март, се намалени и кредитите одобрени на кредитни картички и тоа на месечна основа за 0,8% и 9,0% на годишно ниво.
Негативните салда на тековните сметки, во март, се зголемени за 5,1% на месечно ниво, при годишен пад од 2,4%, додека кредитите одобрени врз други основи се намалени за 0,3% и 8,2% на месечна и на годишна основа.