ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ОДЗЕДЕ УШТЕ ЕДЕН ЖИВОТ Во болницата во Белград почина 24-годишниот Стојанче

Станува збор за пациент со 27% зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад, информираше Министерството за здравство.

278

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година.

„Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец. Станува збор за пациент со 27% зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад. Во ВМА е опериран на 4 април и поставен на ЕКМО апарат, преку кој се оксигенира крвта преку машина, заради вдишаниот чад. Но, заради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба. Министерството за здравство изразува најдлабоко сочувство до фамилијата и до сите засегнати од трагедијата во Кочани“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини