СО НОЖ НАПАДНА ДЕЦА И ПОЛИЦАЈЦИ, ПРОБОДЕ ОБЕЗБЕДУВАЧ ВО БОЛНИЦА Насилник предизвика голема драма во Кичево, полицијата го приведе
На улицата 29 Ноември во Кичево тој со закана со остар предмет сопрел такси возило и се заканувал на возачот. Потоа, во две средни училишта агресивно се однесувал и физички нападнал ученици и вработени. Нападнал и случаен минувач на градскиот кеј на реката Сушица и вработен како обезбедување во Медицинскиот центар, соопшти полицијата од Кичево.
Насилник со нож денеска нападна средношколци и други лица, повредил обезбедувач и предизвикал голема драма на улиците во Кичево.
Полицијата го уапси.
„На 16.4.2025 во 11.45 часот на улицата Круме Угриноски во Кичево полициски службеници го лишиле од слобода Е.З.(28) од Кичево. На улицата 29 Ноември во Кичево тој со закана со остар предмет сопрел такси возило и се заканувал на возачот. Потоа, во две средни училишта агресивно се однесувал и физички нападнал ученици и вработени. Нападнал и случаен минувач на градскиот кеј на реката Сушица и вработен како обезбедување во Медицинскиот центар во Кичево, на кого му нанел повреда со остриот предмет“, соопшти полицијата од Кичево.
Подоцна, откако бил приведен, во службени простории на ОВР Кичево насилникот Е.З. физички нападнал и полициски службеник.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.