СОНЦЕ НАУТРО, ГРМЕЖИ НАВЕЧЕР Времето попладне ќе се влоши, УХМР најавува локални невремиња

Во Скопје времето наутро ќе биде стабилно, со сонце и слаб до умерен јужен ветер. Но, и главниот град нема да биде поштеден од нестабилноста. Кон крајот на денот и особено во ноќните часови, ќе има повремен дожд и грмежи, а делови од скопската котлина се изложени на ризик од појава на краткотрајно но интензивно невреме. Температурата ќе се движи од 10 до 24 степени.

942

Нестабилно време нѐ очекува попладне и особено кон крајот на денот. Претпладнево ќе биде со сонце и умерена облачност, како и со слаб до умерен југоисточен ветер, попладневните часови ќе донесат промени. Се очекува променливо облачно време проследено со локални врнежи од дожд, а на места ќе има и појава на грмежи.

УХМР предупредува дека процесите ќе бидат поинтензивни во доцните вечерни часови и во текот на ноќта, кога на одредени локации ќе има услови за невреме со пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.






Минималните утрински температури ќе се движат од 7 во Берово до 10 во Скопје и во Гевгелија, а максималните дневни од 17 во Маврово и 24 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје времето наутро ќе биде стабилно, со сонце и слаб до умерен јужен ветер. Но, и главниот град нема да биде поштеден од нестабилноста. Кон крајот на денот и особено во ноќните часови, ќе има повремен дожд и грмежи, а делови од скопската котлина се изложени на ризик од појава на краткотрајно но интензивно невреме. Температурата ќе се движи од 10 до 24 степени.

Петокот ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса, која ќе услови променливо облачно време со локални врнежи од дожд. На некои места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено во претпладневните часови, кога се очекува најинтензивната нестабилност.

Минималните утрински температури ќе се движат од 8 до 13 степени, додека дневните максимални ќе достигнат од 17 до 22 степени Целзиусови.

Метеоролозите за петок најавуваат променливо облачно и топло со локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

По нестабилниот крај на работната недела, викендот носи време идеално за прошетки, излети и кафе на тераса. Очекувањата се за претежно сончево време со мала до умерена локална облачност, а температурите ќе бидат во постепен пораст.

Во сабота ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 5°C до 11°C, додека максималните дневни ќе достигнат од 18°C до 23°C.

Во недела нѐ очекува уште потопло време, со сонце и мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој ќе донесе блага топлина од југ.

Утринските температури ќе се движат од 4°C до 10°C, а дневните ќе се искачат до 25°C, што го прави неделниот ден еден од најтоплите овој април досега..

Поврзани содржини