📽️ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) РУСКИ МАФИЈАШ ЛИКВИДИРАН КАКО НА ФИЛМ Убиецот се појавил во костум за хемиска закана и пукал од блиску
На снимката се гледа како Најарјан паѓа на земја само неколку метри од базенот, додека напаѓачот веднаш го напушта местото. Телото на убиениот мафијаш останало да лежи на подот, а убиството се случило среде бел ден.
Шефот на руската мафија, 55-годишниот Арсен Најарјан, познат под прекарот „Краснојарски“, беше убиен во заседа пред својот дом во мало село близу градот Туапсе, во јужниот дел на Краснодарскиот регион во Русија.
Целата ликвидација била снимена од безбедносните камери, кои го документирале шокантниот момент кога убиецот, облечен во заштитен костум налик на оние што се користат при хемиска опасност, се приближил од задниот дел на вилата и пукал од блиско растојание.
На снимката се гледа како Најарјан паѓа на земја само неколку метри од базенот, додека напаѓачот веднаш го напушта местото. Телото на убиениот мафијаш останало да лежи на подот, а убиството се случило среде бел ден.
Руската полиција веднаш започнала интензивна потрага по сторителот, кој според досегашните информации делувал сам и со прецизно планирана акција.
Според руските медиуми, Најарјан бил една од највлијателните фигури во Краснојарскиот регион на Сибир, но исто така и во Краснодар, на брегот на Црното Море. Освен во подземјето, тој бил познат и по својот успешен градежен бизнис.
Локалните извори го опишуваат Најарјан како човек со силно влијание во криминалните кругови, а неговата ликвидација се смета за сериозен удар врз балансот на моќта во мафијашките структури на регионот.
🇷🇺Russian mafia boss Arsen Nadzharyan, 55, gunned down by assassin in chemical protection suit.
Nadzharyan allegedly ran underworld operations in Siberia’s Krasnoyarsk region and Krasnodar on the Black Sea. pic.twitter.com/WhVNwGq6cw
— Engaging Topics (@EngagingTopics) April 14, 2025