„ПРАВДАТА ТРОПНА И НА ВРАТАТА НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ“ Јанев најави дека никој нема да биде поштеден, ниту заштитен

Македонија заслужува систем кој ќе ја почитува правдата и ќе гарантира безбедност за секој граѓанин, без компромиси. Време е да се изгради силен, транспарентен и одговорен систем кој нема да дозволи повторување на вакви трагедии - дециден е директорот на БЈБ.

1,368

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев вели дека еден месец по трагичниот настан кој ја потресе македонската јавност, правдата повторно затропа на адреса на полициските службеници вработени во Министерството за внатрешни работи.

Во текот на вчерашниот ден, поднесена е четврта кривична пријава, против седум дополнителни полициски службеници поврзани со трагедијата.






– Никој нема да биде поштеден ниту заштитен, без разлика на статусот, институцијата од која доаѓа или функцијата која ја извршува или извршувал – објави Јанев на Фејсбук.

Директорот на БЈБ додава дека до сега, одговорност и сомнежи за поврзаност со овој трагичен случај се утврдени кај 59 физички и 3 правни лица.

– Продолжуваме со нашата обврска за темелна истрага на секоја причина и сечија одговорност која ја предизвика трагедијата. Ги вложуваме сите наши капацитети во расчистувањето на сите причини кои доведоа до трагедијата и да изградиме поинаков, посилен и поправеден систем, ваквите трагедии никогаш да не се повторат. Македонија заслужува систем кој ќе ја почитува правдата и ќе гарантира безбедност за секој граѓанин, без компромиси. Време е да се изгради силен, транспарентен и одговорен систем кој нема да дозволи повторување на вакви трагедии – дециден е директорот на БЈБ.

Поврзани содржини