ГЕРМАНСКИ ЛЕКАР Е ОБВИНЕТ ДЕКА НАМЕРНО УБИЛ 15 ПАЦИЕНТИ Неговиот мотив бил желба за убиство?!

Инспекторите не исклучуваат дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми во текот на истрагата. Осомничениот лекар е во истражен притвор од август минатата година, првично обвинет за убиство на четворица пациенти.

334

Лекар во Германија за палијативна медицина е обвинет за намерно убиство на 15 пациенти, објави денеска берлинското државно правобранителство.

„Претпоставуваме дека осомничениот убил најмалку 15 пациенти во периодот од 2021 до 2024 година“, соопшти берлинското државно правобранителство.






Инспекторите не исклучуваат дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми во текот на истрагата. Осомничениот лекар е во истражен притвор од август минатата година, првично обвинет за убиство на четворица пациенти.

Во текот на истрагата и прегледот на досиејата на пациентите, инспекторите дојдоа до нови заклучоци. По ексхумацијата и обдукцијата на натамошни починати пациенти, достигната е сегашната бројка од 15 смртни случаи.

Повеќето од нив не биле во завршна фаза на умирање.

Инспекторите му влегле во трага на лекарот откако медицинскиот персонал на починат пациент укажал на „чудни околности“ во врска со осомничениот лекар.

Испаднало дека 40-годишниот лекар запалил 3 стана на убиени пациенти за да ги скрие доказите за убиството.

Инспекторите првично истражувале подметнување пожар што резултирало со смрт, но по обдукцијата било утврдено дека починале од смртоносна комбинација на лекови.

Инспекторите како мотив наведуваат „желба за убиство“.

Со оглед на тоа дека осомничениот лекар работел и во други сојузни држави, се стравува дека бројот на убиени пациенти може да биде уште поголем.

Поврзани содржини