МАЖ ТЕЖОК 130 КИЛОГРАМИ ПРВ СЕ ОПЕРИРАШЕ ОД ПРЕКУМЕРНА ТЕЖИНА НА ДРЖАВЕН ТРОШОК Две сложени интервенции на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје

Кога станува збор за трансплантација од жив донор, земаме половина црн дроб од здрав човек, најчесто некој од семејството на пациентот. Но, тоа е сложена процедура. За тој тип трансплантација, со живи донори, не смееме да бидеме изненадени, донорите треба да имаат ниска стапка на смртност – истакна проф. д-р Светозар Антовиќ.

842

На Клиниката за дигестивна хирургија е направена првата баријатриска интервенција кај пациент со зголемена телесна тежина која е целосно покриена од буџетот на Фондот за здравствено осигурување. Станува збор за пациент кој тежел 130 килограми, а кому индексот на телесна маса изнесувал 40.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на прес-конференција ја соопшти веста, нагласувајќи ја важноста на овој напредок во домашната трансплантациона хирургија. Тој им се заблагодари на сите здравствени работници кои, и покрај бројните предизвици, продолжуваат да постигнуваат резултати.






Директорот на Клиниката за дигестивна хирургија, проф. д-р Огнен Костовски, информираше дека на Клиниката за дигестивна хирургија на 12 и 13 март се извршени 2 сложени интервенции: успешно е трансплантиран црн дроб и два бубрега од кадаверичен дарител, а дополнително се експлантирани коскени ткива и лигаменти.

– Станува збор за петта трансплантација на црн дроб во Македонија – додаде Костовски.

Тој посочи дека иако јавноста беше фокусирана на несреќата во Кочани, екипите во Скопје тивко, но посветено, продолжиле со работа, успешно изведувајќи интервенции кои спасуваат животи.

Националниот координатор за трансплантација, професорката д-р Билјана Кузмановска, потсети дека зад секоја статистика стојат човечки приказни.

– Оние што донираат се тивки херои. Ние сме тука да им оддадеме признание бидејќи тие го продолжуваат животот на другите – рече таа.

Во моментов, повеќе од 200 пациенти во Македонија чекаат трансплантација на орган. Институциите соработуваат со странски здравствени системи за едукација на кадарот, со цел да се зголеми капацитетот на домашните тимови. Станува збор за напредна процедура – кај трансплантацијата од жив донор, честопати се зема половина црн дроб од член на семејството.

– Здравствените капацитети за утврдување на мозочна смрт сè уште се ограничени на Клиничкиот центар во Скопје. Засега имаме мал број донори. Кога станува збор за трансплантација од жив донор, земаме половина црн дроб од здрав човек, најчесто некој од семејството на пациентот. Но, тоа е сложена процедура. За тој тип трансплантација, со живи донори, не смееме да бидеме изненадени, донорите треба да имаат ниска стапка на смртност – истакна проф. д-р Светозар Антовиќ.

Тој посочи дека набавката на нов микроскоп е во тек, и дека истиот ќе биде клучен за сложените интервенции кај живи дарители.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, изјави дека Фондот од јули досега испратил 5 пациенти во странство за трансплантација од жив донор. Целта, рече тој, е во Македонија да се достигне просек од 10 трансплантации годишно со живи дарители.

Сите говорници се согласија дека е неопходно континуирано опремување и обука на медицинските тимови, за да се одржи и зголеми досегашниот успех.

Поврзани содржини