АКО СТРАШЕВСКИ ПАК НЕ ДОЈДЕ НА РОЧИШТЕ, СУДИЈАТА ЌЕ МУ НАЗНАЧИ СЛУЖБЕН АДВОКАТ НА ПАЛЧО На 23 април ќе продолжи судењето за убиствата на Вања и на Панче

Судијата Ивица Стефановски информираше дека денеска добил поднесок од бранителот Страшевски, со медицинска документација и со барање за одложување на рочиштето. Страшевски доставил медицински упат со дата од завчера, 14 април и лекарски извештај од 15 април и ги навел и датумите на кои не може да дојде на судењето.

2,328

На 23 април, следната среда, во 10 часот во Кривичниот суд ќе продолжи судењето за грабнувањата и суровите убиства на Вања Ѓорчевска (14) и на Панче Жежовски (74). Денешното рочиште е одложено поради здравствени проблеми на адвокатот Јовица Страшевски, бранител на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо. По 23 април, следно рочиште е 28 април, во 10 часот.

Судијата Ивица Стефановски информираше дека денеска добил поднесок од бранителот  Страшевски, со медицинска документација и со барање за одложување на рочиштето. Страшевски доставил медицински упат со дата од завчера, 14 април и лекарски извештај од 15 април и ги навел и датумите на кои не може да дојде на судењето.






– Ова е прво одлагање. Судот има разбирање, но нема да дозволи да се повтори. Доколку се случи уште еднаш вакво нешто ќе поставам бранител по службена должност – рече судијата Стефановски.

Обвинетите денеска не беа спроведени во судот, затоа што судијата го откажал спроводот штом го добил барањето од Страшевски.

На следното рочиште Палевски треба да продолжи со својот исказ. Завчера, на минатото рочиште раскажа што правел на 22 ноември 2023 година, дента кога е убиен Панче Жежовски. На следното рочиште треба да објасни што правел на 27 ноември, дента кога е убиено девојчето Вања Ѓорчевска.

За убиствата, освен Палевски се обвинети Велибор Мамев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. Обвинет е и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, за помагање во грабнувањето на неговата ќерка.

По исказот, Палевски ќе одговара на вкрстени прашања на Обвинителството и на адвокатите на останатите обвинети. Последен ќе го распраша судијата.

Поврзани содржини