КРАЈ НА БАЈКАТА, СЕ РАЗВЕДУВААТ АНА ИВАНОВИЌ И ШВАЈНШТАЈГЕР Тој постојано патува, таа остана сама со трите деца
Наводната разделба помеѓу поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер се случила пред околу 2 месеца.
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер се разведуваат.
За ова пишува германскиот таблоид Бунте, повикувајќи се на извори „во телевизиските кругови“.
Според изданието, наводната разделба се случила пред околу 2 месеца. Швајнштајгер, наводно, многу патува поради неговата работа и живее главно во Минхен, додека, пак, Ивановиќ и нејзините деца остануваат во Белград.
Ивановиќ и Швајнштајгер се венчаа во јули 2016 година и имаат 3 сина: 7-годишниот Лука, 4-годишниот Леон и Тео кој има една година.