📽 ЏОН ТРАВОЛТА ОБЈАВИ РЕТКА ФОТОГРАФИЈА Со трогателна порака се присети на починатиот син
Тоа беше најлошото нешто што ми се случило во животот. Искрено, не знаев дали ќе преживеам. Животот повеќе не ми беше интересен и ми требаше многу долго време повторно да најдам смисла, се присети Траволта на смртта на својот син во интервју во 2014 година.
Џон Траволта сподели ретка фотографија од својот син кој почина во 2009 година. На својот профил на Инстаграм 71-годишниот холивудски актер се присети на покојниот Џет, кој на 14 април ќе го прославеше својот 33 роденден.
„Среќен роденден Џет. Многу ми недостигаш. Ќе те сакам засекогаш!“, напиша актерот кој има 15,2 милиони следбеници на социјалните мрежи.
Џет боледувал од аутизам, астма и синдром Кавасаки, а според извештаите, имал епилептичен напад, паднал и ја удрил главата. Тој е најстарото дете на Траволта и неговата покојна сопруга Кели Престон. Џет трагично почина во 2009 година за време на семеен одмор на Бахамите, на возраст од само 16 години.
– Тоа беше најлошото нешто што ми се случило во животот. Искрено, не знаев дали ќе преживеам. Животот повеќе не ми беше интересен и ми требаше многу долго време повторно да најдам смисла – изјави Џон во интервјуто со Бери Норман во 2014 година.
View this post on Instagram